9.07.2020
На 3 и 4 јули, годинава, во Струга се одржа работилницата за развивање на комуникациска стратегија на Коалиција „СЕГА“ која е активност на проектот: „Јакнење на транспарентноста и отчетноста на Коалиција на младински организации СЕГА“ на која учествуваше Ивана Мирчевска, секретар на Клубот на млади на Фондација „Фокус“.
Со помош на фасцилитаторот Ивана Петровска, Мирчевска заедно со претставници на останати членки, основни и придружни на коалицијата, дадоа свој придонес во оваа проектна активност за воспоставување на поголема меѓусебна комуникација.
Работните сесии беа фокусирани на внатрешната комуникација во Коалицијата, надворешната комуникација со целните групи, стратегија за комуникација, како и драфт верзија на детален акционен план за имплементација на стратегијата.
Коалиција на младински организации СЕГА во период од 1 Март - 30 Ноември 2020 година го спроведува проектот "Зајакнување на транспарентноста и одговорноста на Коалиција на младински организации СЕГА“.Проектот е финансиран од ЕУ, преку проектот „Саморегулација на граѓански организации“ кој е во рамките на програмата за мали грантови „Одржливо граѓанско општество: државно финансирање на граѓански организации“ која ја спроведува Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС), Балканска мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) и Центар за информирање, соработка и развој на граѓанските организации од Словенија (ЦНВОС).