Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

Mladi rabotensostanok1

На работниот состанок што се одржа на 15 септември 2020 година беа присутни осум средношколци заедно со тројца претставници на Клуб на млади на Фондација „Фокус“. 

Во времетраење од час и половина, се дефинираа конкретни предлози од дебатата „Младите и граѓанскиот активизам“ одржана на 10.09.2020 година во паркот во рамки на училишниот двор на Гимназија „Кочо Рацин“ и ССОУ „Димитрија Чуповски“.

На средбата беа формулирани конкретните Предлог –Приоритети и се дадоа насоки за техничка и визуелна изработка на флаерот што беше договорено да се испрати на одобрување кај Коалиција „СЕГА“ а потоа и да се отпечати.

Klubnamladi rabotensostanok2

Сите присутни беа максимално мотивирани да го концепираат текстот и точно да го утврдат изгледот на флаерот.

Работниот состанок го водеа Моника Алтиева, Стефан Ангеловски и Даниел Димов.

Клубот на млади на Фондација за локален развој и демократија „Фокус“ работниот состанок го одржа како активност финансиски поддржана од проектот „Младите и европските вредности“ на Коалиција на младински организации „СЕГА“ од Прилеп