Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

FokusInfektivno fin

„Вие сте нашите Хероини“ им напишаа на медицинските сестри и лекарки од Инфективното одделение на Општа болница Велес и на Итна медицинска помош во Здравствен дом Велес членовите на Клуб на млади на Фондација Фокус. Денес,8 Март 2021 годна двете Признанија и 84 честитки им ги врачија.Со нив ја изразија благодарноста за се што здравствените работнички сторија во изминатата година кога несебично ги изложуваа своето здравје и животи во справувањето со тивкиот убиец „Ковид-19“. На примопредавањето, по повод 8 Март, Игор Стојков имаше емотивно искажување:

BisinovaiIgorce fin

-Причината за тоа што нашите родители, баби и дедовци а исто така и ние сме здрави сте вие, вашата заложба и надчовечки вложен напор во измината година. За ова сме ви неизмерно благодарни. Овие Признанија поставете ги во вашиот работен простор а честитките поделете ги на секоја од вас бидејќи се изработени со голема љубов, почит и благодарност. Бидете и понатаму храбри и пред се здрави затоа што многу ни требате. А ние ќе ги почитуваме вашите препораки за да придонесеме за што помал број на заразени членови на нашите семејства и помалку работа за вас, рече Стојков.

InfektivnosoKlubnamladi fin

Овие зборови предзвикаа солзи во очите на медицинските сестри и лекарки. Зборовите како и епитетот Хероини ги трогна жените во медицинска униформа. На тоа тие возвратија.

-Mногу сме среќни и возбудени. После цела година борба со коронавирусот сме и изморени. Многу би благодариме . Не ни очекувавме токму на овој ден да се сетите на нас но ова е убаво чувство. Ви благодариме од име на целиот колектив и сите што сме вклучени во борбата со Ковид-19. Се надеваме што поскоро да излеземе од оваа ковид ситуација и мораме да се придржуваме на светото тројство: држење дистанца, носење маска и хигиена. Тоа е тоа што мораме да го правиме, рече д-р Снежана Бисинова инфектолог на Инфективно одделение во велешка болница.

BiljanaiIvana fin

Одделенската сестра Билјана Стојанова во знак на благодарност на претставниците на Клубот на млади Ивана Мирчевска, Макфире Ахмедова и Игор Стојков им подари рози.

Zdravstvendom fin

-Пресреќни сме. Благодарм на Признанието и се надевам дека во иднина ќе ја оправдаме довербата која ја имате во нас од името на колективот на Итна медицинска помош на ЈЗУ Здравствен дом Велес. Нашата препорака е: Младите да го користат сонцето но да ги почитуваат здравствените мерки и препораки, рече д-р Васе Пановска Поп Стефанова раководител на Служба за Итна медицинска Помош при ЈЗУ Здравствен дом Велес.

Citaatcestitki fin

Младите на Фокус сами ги подготвија дизајнот и печатот а потоа и сами ги отпечатија честитките и признанијата кои исто така и ги врамија.

Денеска тие им ветија на здравствените работнички дека ќе бидат внимателни и нема да дозволат да бидат причина за зголемен број на заболени сограѓани од коронавирус во Велес.