Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

                                                       

Во Струга, од 4 до 6 моември 2022 година, се одржа обука за модератори на фокус групи на проектот ,,Млади медиуми” на Коалиција за младински организации „Сега“ во соработка со Радио МОФ и УГД-ФМ Универзитетско радио, поддржан од страна на  Академија „Дојче Веле“.

Претставник од Фондација за локален развој и демократија ,,Фокус” беше Ивана Мирчевска којашто е дел од Клуб на млади на Фондација „Фокус“.

Мирчевска интензивно ги следеше предавањата во текот на обуката коишто се однесуваа на видови на медиуми, информации за медиумите, медиа култура, лажни вести, значењето на поимот фокус група, улогата, техниките и медиа навики на модераторот.

Како задача од обуката Мирчевска ќе спроведе во Велес работилница со фокус група на млади за да им ги пренесе искуствата и стекнатите знаења за медиумите, медиумската писменост, лажните вести итн.