Потреба од театарска младинска сцена, катастрофални услови за тренинг во салата на ООУ Блаже Конески, финансирањето на спортските клубови во градот, одолговлекување на судските процеси, проблемот со бездомните кучиња и уште неколку други теми се утврдија на третата едукатина работилницаза медиумска писменост и критичко размислување во Гимназијата Кочо Рацин во Велес.
Учениците од Гимназијата „Добри Даскалов“ во улога на репортери. Излегоа надвор и правеа анкети за прилозите кои треба да ги подготват. Ги прашуваа граѓаните на Кавадарци за загадениот воздух и состојбата на фудбалскиот стадион, теми кои сами ги избраа на претходните две едукативни работилници.
„Проблемот со бездомните кучиња“ и „Немање алтернативна културна сцена“ се двете теми на кои денеска учениците од Гимназијата Кочо Рацин, вклучени во проектот „Читај и меѓу редови“ отворија широка дебата на втората едукативна работилница. Тие сметаат дека овие теми се мошне значајни за нив и тоа заради актуелноста и широката опфатност и влијание врз целокупната популација во градот на првата и заради влијанието и културниот младински развој на втората тема.