Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1


maskivoZdravendom fin

01.04.2020
Сошиени се по две повеќе наменски заштитни маски со мотото на граѓанската акција „Велешанки за јавното здравје“ и за вработените во Здравствениот дом во Велес. Денеска маските му беа предадени на директорот на јавната здравствена институција, Никола Димов. Тој ја стави првата заштитна маска а потоа останатите беа поделени на сите вработени. Први од маските доби службата за Итна медицинска помош.

maskanaNikola fon

-Им благодарам на жените од Велес и на Фондација за локален развој и демократија „Фокус“. Ја поздравувам иницијативата преку волонтерска работа да се помогне јавното здравство. Тоа на здравствените работници многу им значи. Некој се сетил своето слободно време да ни го подари токму нам а ние знаеме да го цениме гестот затоа што се случи во исклучително значаен момент кога се бориме против инфективно заболување кое го зафати цел Свет. Дозволете ми да констатирам дека маските се многу квалитетно сработени и на вработените во Здравствен дом ќе им послужат долготрајно, рече директорот Димовски.

Останатите заштитни маски ги добија вработените во лабораторија, ренген, техничката служба и администрацијата во ЈЗУ „Здравствен дом“ Велес. Тие можат да се перат и стерилизираат со што вработените и во оваа велешка јавна здравствена институција ќе ги користат долготрајно.

maskikup fin

Ова е втора јавна здравствена институција во Велес која добива заштитни повеќе наменски маски во Велес. Велешките шивачки и волонтерки во моментов ги подготвуваат количините што им се потребни на вработените во ЈЗУ Центар за јавно здравје во Велес и Болница „Јасеново“ во Чашка со цел да се заштитат од инфективното заболување „Ковид 19“.