Првите 22 пакети составени од облека, обувки и училишен прибор, стигнаа до оние на кои им се најпотреби. Фондацијата „Фокус“ на овој начин, како што најави, симболично го одбележа 17-ти Окктомври „Денот за борба против сиромаштијата“.
Донираните предмети беа собрани во текот на „Неделата на детето“ во рамки на големата хуманитарна акција „Од децата за децата“ реализирана во соработка со основните училишта во градот.
Распределбата на донацијата ќе продолжи и во текот на наредните денови со оглед на тоа дека се собраа донации од кои се направија пакети за над 100 деца.
заврши повеќе од успешно
Просториите на Фондацијата „Фокус“ станаа претесни за да ги соберат сите детски донации кои се собираа во текот на Неделата посветена на детето. Учениците од сите основни училишта од градот и од с.Горно Оризари, дарујавќи кеси потешки и од нив самите ја направија оваа акција наменета за нивните врсници досега најуспешна.
Големо БРАВО за учениците од основното училиште „Св.Кирил и Методиј“. Децата покажаа дека се мали по возраст, но големи по душа. Тие, заедно со своите наставници, организирано го направија најхуманиот гест утрово- донираа облека, обувки и училишен прибор за своите другарчиња кои потекнуваат од социјално – немоќни семејства.