Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

brako

По завршувањето на јавниот повик за целосно стипендирање на додипломски студии на веќе запишан студент на Машински факултет, на ден 13.12.2017 година, претставници на Фондација за локален развој и демократија „Фокус“ , ги доставија документите во компанијата „Брако“, која од годинава  е наш партнер во спроведувањето на филантропските активности за запишување на студент од социјално немоќно семејство на државен факултет. Станува збор за само една апликација иако велешката фирма нуди можност за стипендирање на тројца студенти запишани на Машински факултет на државните Универзитети.

Фондација „Фокус“ меѓу граѓаните, ја промовираше кампањата за собирање на средства за упис на студент од социјално немоќно семејство на еден од државните факултети. На Градскиот пазар во Велес, тимот на Фокус делеше флаери за кампањата, ги запознаваше граѓаните со акцијата која петта година по ред ја спроведува со цел да обезбеди уште една студентска диплома во градот. Истовремено се делеа и флаери за работењето, реализираните проекти и постигнатите резултати на Фокус во изминатите десет години. Граѓаните заинтересирано и со внимание застануваа на штандот на Фондацијата и се распрашуваа како можат да помогнат и тие да бидат дел од акцијата за упис на студентот. Многумина од нив донираа средства во касичката поставена на штандот.