Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

Image

Фондацијата ФОКУС во рамки на реализација на активностите од проектот „Ние во заедницата“ финансиски поддржан од Институтот за трајни заедници (ИТЗ) од фондовите на УСАИД, по објавениот јавен повик за поддршка на иницијативи на граѓански организации, на 10 септември 2009 година ги потпиша договорите на поддржаните 8 иницијативи.

 

 

Image

Во следниот период во општините Велес, Градско, Лозово и Чашка ќе се реализираат 8 иницијативи, по одлука на Управниот одбор на фондацијата, со вкупна вредност од 496.000,00 денари.

Иницијативите се однесуваат на конкретни акции и активности за решавање на граѓански приоритети во општините.

Поддржаните активности се пред се однесуваат на:

  • Зголемување на безбедноста во населбата Градско, чии носител е Младинскиот совет на Градско;
  • Едукација на жените од руралните средини за превентива од рак, важноста на мамографските прегледи и искористување на правото на бесплатни ПАП – тестови и мамографија“, носител Здружение за борба против рак „БОРКА - за секој нов ден“ ;
  • Поттикнување на институциите за уредување на запоставените мини површини пред јавни објекти, носител Еколошка Групација „Грин Пауер“,
  • Кампања „За граѓаните Роми – заедно и веднаш“, носител Хуманитарно здружение на Ромите од Р. Македонија „Јекипе“ – огранок Велес ,
  • Ликовна Еко Работилница „Рајко Жинзифов“, носител Мулти Арт Клуб „Бихор“ со адреса с. Горно Оризари,
  • Младите во транзиција – млади со иницијатива, носител Извиднички Одред „Димитар Влахов“,
  • Работилница за правата на лиацата со хендикеп од областа на социјална и здравствена заштита, носител Здружение на родители на деца заболени од церебрална парализа,
  • Изградба на детски забаваен парк во Лозово, носител Фолклорен асанбал „Кочо Рацин“ Лозово