Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

Image

Реализирани првите две работилници на Здружението „БОРКА – за секој нов ден“ за рано откривање на рак на дојка.

Во рамките на проектот “Ние за заедницата” кој е во имплементација на Фондацијата “Фокус” од Велес, а е финансиски поддржан од Институтот за трајни заедници (ИТЗ) од фондовите на УСАИД.
На 28 и 29 Октомври.2009 година, во општините Лозово и Градско, се реализира инцијатива  “Едукација на жителите во руралните средини за важноста на превентива и навремено откривање на ракот” во имплементација на  Здружение „Борка – за секој нов ден”-Скопје, огранок Велес.
Како дел од планираните активности во иницијативата беше промовиран начинот на самопрегледување на дојките од страна на стручно лице, важноста на мамографскиот преглед и ПАП-тест, кои еднаш во годината се бесплатни за секоја жена.

Посетеноста беше многубројна што говори дека во руралните средини досега имало недостаток од ваков вид на предавања.

Здружението „Борка“ покрај одржаните две едукативни работилници, на 03 Ноември ја одржува и третата и последна  работилница како дел од оваа иницијатива, но и понатаму продолжува со своите активности за важноста на превентива и навремено откривање на ракот.