Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

Преку средства од европските фондови до поквалитетна животна средина

Image

mk@euСредствата од програмите Живот плус и ЦИП можат да се искористат за подобрување на заштитата на животната средина. На конференцијата одржана во Велес на 26ти мај, во организација на Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, Македонскиот центар за европско образование, Младинскиот образовен форум и 11 Центри за локална соработка , беа споделени искуствата од искористувањето на средствата од европските програми во полето на животната средина.

Антонис Ригас од еколошкиот центар „ Арктоурос“ од Флорина, Грција го издвои примерот на заштитата на кафеавата мечка за чие што заштитување биле обезбедени околу 400000 евра преку  националната програма за заштита на загрозени видови и евро фондовите од програмите на Заедницата, особено програмата Живот Плус.

Следната конференција ќе се оддржи во Струмица на 11-ти јуни на тема земјоделство.

Како конкретен пример на финансирањето од европските фондови, Маргарида Белем од Португалија го претстави проектот за геолошкиот парк „Арука. Геопаркот „Арука“ сместен на десетина километри од Порто благодарение на средствата од европските фондови станал еден од најпрепознатливите национални паркови, кој во својата понуда содржи голем број на ендемични карпи, како и водопади и пештери.

Наташа Јованова од Македонскиот центар за европско образование ги запозна учесниците со програмите на Европската унија и можноста за финансирање на проекти во областа на животната средина од Живот Плус и ЦИП програмите и преку Инструментот за предпристапна помош (ИПА).

mk@euНа конференцијата беа споделени и македонските искуства, а Билјана Пулеска, го издвои проблематичниот Закон за води. Според нејзе, а и според Европската комисија, иако Законот е релативно нов, потребни му се одредени измени. Законот поради одложувањето на неговата имплементација не е во коресподенција со европската политика за животна средина и со тоа директно загрозува 16 милиони евра, средства кои би ги добиле од ИПА и би се искористиле за изградба на станица за собирање и третман на урбани отпадни води во Прилер и на проектот за зајакнување на капацитетот на Министерство за животна средина и просторно планирање за имплементација на Законот за води.

Независниот експерт Славко Дамески, поранешен директор на Националниот парк Пелистер во своето излагање зборуваше за подемот и падот на Националниот парк Пелистер. Во имплемантација на Законот за заштита на природата и евро директиви, како и соработката со странски донатори и потенцијалот овој парк да биде првиот успешен корисник на средтсва од програмата на Заедницата Живот Плус. За жал, според него, партизацијата на националните паркови придонела швајцарската Агенција за развој да ги раскине договорите за проектите, а воедно го уништила имиџот на државата кај потенцијалните странски донатори.

mk@euЗаеднички заклучок на конференцијата „Да зборуваме за животната средина“ беше дека имплементација на европското законодавство за животна средина е скап и макотрпен процес и Европската Унија е свесна за тоа. Заради причини ЕУ обезбедува средства преку структурните и кохезионите фондови, ИПА и повеќе програми на Заедницата. Република Македонија мора да се посвети на имплементација на европското законодавство ако сака да ги отпочне преговорите за пристапување во членство и истите успешно да ги заврши. Исто така Република Македонија мора да ги користи сите расположливи инструменти, вклучувајќи ја тука и програмата Живот Плус, за чие искористување постои потенцијал, а до некаде и капацитети.

превземено