Фондацијата „Фокус“ во соработка со Делегацијата на Европската Комисија и ЕУ Инфо Центарот од Скопје на ден 09.05.2013 (четврток) со почеток од 11 часот во Младинскиот парк организира јавен настан со цел одбележуавње на Денот на Европа.
mk @ eu
Настаните од проектот „Акција за Европа“ се можност граѓаните да се информираат и да дебатираат за придобивките од членството во ЕУ, за очекувањата на граѓаните и реалните промени по зачленувањето во Унијата, за економскиот и општествениот развој по пристапувањето во Европската унија, како и за тоа дали постои алтернатива за развој надвор од Унијата.
Тематската конференција „Што битно се промени по пристапувањето во членство во ЕУ?“ во Велес е коорганизирана со Словачкото претседателство на Вишеградската група држави. На настанот ќе говорат амбасадорите на Словачка, Полска и Унгарија: Роберт Кирнаг, Дариуш Карол Бахура и Ференц Кекеши, потоа Милан Фишер, заменик-амбасадор на Чешка, како и новинарот Васко Попетрески и професорот Сефер Тахири.
Преку средства од европските фондови до поквалитетна животна средина
[email protected]Средствата од програмите Живот плус и ЦИП можат да се искористат за подобрување на заштитата на животната средина. На конференцијата одржана во Велес на 26ти мај, во организација на Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, Македонскиот центар за европско образование, Младинскиот образовен форум и 11 Центри за локална соработка , беа споделени искуствата од искористувањето на средствата од европските програми во полето на животната средина.
Антонис Ригас од еколошкиот центар „ Арктоурос“ од Флорина, Грција го издвои примерот на заштитата на кафеавата мечка за чие што заштитување биле обезбедени околу 400000 евра преку националната програма за заштита на загрозени видови и евро фондовите од програмите на Заедницата, особено програмата Живот Плус.
Следната конференција ќе се оддржи во Струмица на 11-ти јуни на тема земјоделство.