Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

izvestajfokusvofokus fin

Дводневната посета на работниот тим на Фондација Фокус на Љубљана и остварените работни средби со претставници на граѓански организации кои долгорочно во својата работа практикуваат добри практики, отчетност и транспарентност базирани на стандарди и процедури како резултат ги даде  следниве најзначајни препораки:

- Процесот на сертификација не е најважниот аспект на стандардот бидејќи тој се воведува за потребите на самата организација и исклучиво е насочен кон континуирано подобрување на нејзините капацитети.

- Стандардот PQASSO е прескап и за словенечките и за македонските граѓански организации кои тешко обезбедуваат средства за негова имплементација и оддржување.

- Словенија располага со стандард специјализиран за невладиниот сектор. Истиот е резултат на над 10 години искуство и работа на CNVOS и SIQ.
Овој стандард е препорачлив и за Фондацијата Фокус затоа што во целост е прилагоден кон потребите на граѓанскиот сектор, не е скап (чини максимум 600 евра) и реално може да се имплементира за краток временски период, со поддршка на CNVOS и SIQ.

- Фондацијата Фокус треба да работи на својот профил и специфичните теми врз чија основа ќе ги креира идните краткорочни и долгорочни стратегии и планови и да ги следи националните, но и стратегиите на ЕУ.

- Организацијата треба да изработи органограм, политика на квалитет и процедури кои не треба да ги има во голем број, но треба да произлегуваат од начинот на работа,во комбинација со законската регулатива и барањата на стандардот.

- Особено е важно во процесот на стандардизација да се пренесат добрите практики и да се вклучат што е можно повеќе граѓански организации во Вардарскиот плански регион со што ќе се придонесе за јакнење на капацитетите во процесот на евроинтеграции.

- Граѓанските организации, вклучително фондацијата Фокус треба да посветат особено внимание на планирањето, финансиската транспарентност и проценката на влијанието во заедницата (општеството).

- Секоја граѓанска организација треба добро да ги анализира сопствените капацитети и слабости со цел поуспешно да го спроведе процесот на воведување на стандардите за квалитет.

- Препорака е сите процедури да произлегуваат од специфичните потреби на организацијата за ефективност и ефикасност во работата што краткорочно, а особено долгорочно се одразува позитивно на нејзиното влијание во заедницата.

- Во наредниот период, во соработка со граѓански организации од Република Словенија треба да се работи на заеднички активности и проекти и на планот на достигнувањето на стандардите за квалитет и на планот на реализација на проекти во интерес на граѓаните.

Студиската посета се реализираше како активност на проектот „Фокус во фокусот“ поддржан во рамки на Програмата „Одржливо граѓанско општество државно финансирање на граѓански организации“ што ја спроведуваат Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) и Центарот за информирање, соработка и развој на граѓанските  оргазнизации од Словенија (ЦНВОС). Програмата за структура и поддршка на граѓанското општество и медиуми 2016 – 2017 преку ИПА фондовите.