Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

jadrankadimepencojas fin

Со цел да се утврдат насоки за долгорочен развој на Фондацијата за локален развој и демократија Фокус како основа на организацијата и работните процеси на фондацијата, на 3 јуни 2019 година, во просториите на фондацијата се одржа работна средба. На средбата присуствуваа извршната директорка Убавка Јаневска, основачот Димче Велев, претседателот на Одборот Пенчо Јаневски и експертката Јадранка Стефкова.

Со оглед на фактот што постојната Стратегија на Фокус истекува во 2020 година на работната средба беше констатирано дека при зајакнувањето на капацитетите на Фондацијата и изработката на новите процедури мора да се земат во предвид новите стратешки насоки за развој на Фокус кои произлегуваат од заклучоците од работната посета во Република Словенија.

Од своја страна на состанокот Стефкова даде шематски приказ на предложените насоки за долгорочен развој на фондацијата. Насоките, како што истакна, се усогласени со Стратегијата на Влатата и препораките на Европската комисија во извештајот за напредокот на државата. Како што рече експертката постојната Стратегија утврдува цели кои не се во целост интегрирани со визијата и мисијата на фондацијата. Конкретно таа укажа дека активностите за социјална кохезија и поддршка на социјално претприемништво не се вклопуваат со активностите за граѓанско учество и граѓански ангажман затоа што како тематска област на интервенција бараат целосна посветеност на Фокус.

Врз основа на препораките на ЦСНВО од Република Словенија неопходно е областите на делување на Фокус да бидат интегрирани една со друга и усогласени со визијата и мисијата на фондацијата. Затоа таа предложи трите главни области на делување во новата Стратегија за развој да бидат:

1. Граѓанско учество во контекст на мониторингот и развојот на транспарентност, отчетност на локално, на регионално и на национално ниво
2. Граѓански ангажман и волонтерството
3. Добро управување ( развој на етички и професионални стандарди во локалната самоуправа, регионите и сите институции кои обезбедуваат услуги за граѓаните)

ubavka fin

Убавка Јаневска истакна дека и покрај искуството со социјалното претприемништво предложените насоки претставуваат интегриран модел во кој би можла да се развива фондацијата особено затоа што има долгогодишно искуство во споменатите три облaсти.

dimceijadranka fin

Диме Велев констатираше дека во целост се согласува со предложениот модел и дека целта на самиот состанок е да се утврдат областите на делување кои ќе овозможат фондацијата да се фокусира што подиректно на придес за подобрување на животот на граѓаните и зајакнување на капацитетите на институциите.

pencojanevski fin

Пенчо Јаневски од своја страна укажа дека предложените насоки се усогласени со Статутот на фондацијата и нејзините основни области на делување со исклучок на социјалната кохезија.

Како што беше заклучено на работниот состанок, врз основа на утврдените области на делување, ќе се изработи Политиката на квалитет на Фондацијата која ќе преставува основа за изработка на новата Стратегија за развој на Фокус во 2020 година.

Проектот „Фокус во фокусоте поддржан во рамки на Програмата „Одржливо граѓанско општество државно финансирање на граѓански организации“ што ја спроведуваат Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) и Центарот за информирање, соработка и развој на граѓанските  оргазнизации од Словенија (ЦНВОС). Програмата за структура и поддршка на граѓанското општество и медиуми 2016 – 2017 преку ИПА фондовите.