Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

VeleviJanevski fin

По финалната подготовка на Ситемот за квалитет на Фондација Фокус , од страна на експертката Јадранка Стефкова, основачите Димче Велев и Убавка Јаневска заедно со претседателот на Одборот, Пенчо Јаневски, на 24 и 25 јуни 2019 година, одржаа две работни средби на кои беа разгледани сите 12 документи:

Политиката за квалитет , Организациската структура на фондацијата , Прирачникот за квалитет, Прирачникот за управување со финансии ( во најголем дел превземен како добра практика на Центарот за граѓански комуникации и прилаготен на потребите на Фокус), Постапката за управување со документирани информаци, Постапката за стратешко планирање, Постапката за внатрешна и надворешна комуникација, Постапката за обука, Постапката за управување со инфраструктура, Постапката за вработување, Постапката за управување со проекти и Записот за следење на закони.

Janevskai Velev fin

Во двата дена, на првото и второто читање, на Политиката за квалитет, прирачниците и постапките Велев, Јаневска и Јаневски предложија неколку забелешки кои се однесуваа на дел од документите и разговараа за потребното време и начинот на нивно воведување во секојдневната работата. Тие ги конкретизира предлози за петата и последна Работилница на проектот, закажана за 26 јуни 2019 година, на која документите ќе бидат разгледани и усвоени од  членовите на Одборот, на Комисијата за надзор над финансиското работење и волонтерите на Фондација „Фокус“. 

Проектот „Фокус во фокусот“ е поддржан во рамки на Програмата „Одржливо граѓанско општество државно финансирање на граѓански организации“ што ја спроведуваат Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) и Центарот за информирање, соработка и развој на граѓанските оргазнизации од Словенија (ЦНВОС) преку ИПА Програмата за структура и поддршка на граѓанското општество и медиуми 2016 – 2017.