Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

Politikazakvalitet fin

По дванаесет месеци од реализацијата на проектот „Фокус во фокусот“ основачите, членовите на Одборот, на Комисијата за надзор над финансиското работење, вработените и волонтерите на Фондација Фокус, сите вклучени во процесот на подготовка и креирање на 12 нови документи Фондација Фокус, на 26 јуни 2019 година, присуствуваа на петата работилница на Проектот „Фокус во фокусот“ на која беше презентиран креираниот Систем за управување со квалитет базиран на НВО стандардот воведен од ЦНВОС и SIQ Љубљана, Република Словенија.

Stefkovasama fin

По кратките презентации на експертката Јадранка Стефкова, поединечно за секој од подготвените документи: Политиката за квалитет , Организациската структура на фондацијата , Прирачникот за квалитет, Прирачникот за управување со финансии ( во најголем дел превземен како добра практика на Центарот за граѓански комуникации и прилаготен на потребите на Фокус), Постапката за управување со документирани информаци, Постапката за стратешко планирање, Постапката за внатрешна и надворешна комуникација, Постапката за обука, Постапката за управување со инфраструктура, Постапката за вработување, Постапката за управување со проекти и Записот за следење на закони следеше расправа по дадените забелешки на присутните.

Naslovna fin

По конкретно утврдените предлози и интервенција во подготвените документи тие поединечно беа ставени на гласање и едногласно усвоени. Основачите, Одборот, Комисијата за контрола на финансиското работење и волонтерите заклучија дека Фондација „Фокус“ доби Систем за управување со квалитет што ќе овозможи зајакнување на одговорноста, професионалноста, доброто управување, отчетноста и одговорноста. Тие се заложија следниот чекор што треба да се превземе да биде подготовка на проектна апликација со која ќе се обезбедат финансиски средства за сретификација на „Фокус“.

Odborkontra fin

Исто така, присутните, разговараа и дадоа повеќе конструктивни предлози за институционален развој на фондацијата ставајќи акцент внимателно следење на повиците од донаторите, на соработката со граѓански организации и фондации, дома и во странство, со кои може да се градат партнерски односи во подготовка на проектни апликации како и со бизнис заедницата на која и е неопходна помош од страна на граѓанскиот сектор.

Проектот „Фокус во фокусот“ е поддржан во рамки на Програмата „Одржливо граѓанско општество државно финансирање на граѓански организации“ што ја спроведуваат Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) и Центарот за информирање, соработка и развој на граѓанските оргазнизации од Словенија (ЦНВОС) преку ИПА Програмата за структура и поддршка на граѓанското општество и медиуми 2016 – 2017.