Реализирана првата хуманитарна соработка на „Фокус“ со Асоцијацијата „Алзас –Македонија“ од Франција
По неколкумесечната интензивна подготовка на Фондација Фокус во партнерство со Хаус оф хоуп - Ленче Здравкин и Асоцијацијата „Алзас –Македонија“ во партнерство со хуманитарната организација „Надеж на Ориентот“ од Лорен, Република Франција, во Велес на 11 април 2019 година пристигна хуманитарната помош наменета за јавните здравствени установи: Здравствен дом Велес, Болница за белодробни заболувања „Јасеново“ во општина Чашка и Клинички центар во Скопје.
Претседателот на француската Асоцијација „Алма“ од Алзас, Република Франција Жак Шлеф ја предводеше делегацијата што ја посети Фондација Фокус овојпат со цел , двете граѓански организации, да им помогнат на пациентите во двете јавни здравствени институции во Велес преку хуманитарна помош. Станува збор за донација од 18 специјални медицински фотељи за тешко подвижните граѓани кои од болница што се реорганизира во Алзас ќе стигнат во ЈЗО Општа болница и во Здравствен дом во Велес.
По две години од завршувањето на проектот “Економско зајакнување на жените од вардарски регион“, финансиран од Министерството за надворешни работи на Република Словенија, Фондација „Фокус“ беше посетена од секретарот на Директоратот за меѓународна соработка и хуманитарна помош на Министерството за надворешни работи на Република Словенија, Матијаж Флоријанц Лукан и економскиот советник во Амбасадата на Република Словенија во Република Македонија Гили Вишај.