Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

Претседателот на француската Асоцијација „Алма“ од Алзас, Република Франција Жак Шлеф ја предводеше делегацијата што ја посети Фондација Фокус овојпат со цел , двете граѓански организации, да им помогнат на пациентите во двете јавни здравствени институции во Велес преку хуманитарна помош. Станува збор за донација од 18 специјални медицински фотељи за тешко подвижните граѓани кои од болница што се реорганизира во Алзас ќе стигнат во ЈЗО Општа болница и во Здравствен дом во Велес.

За таа цел, Фондација Фокус го организираше состанокот на преставниците на Алма со директорите на велешката болница и на здравствениот дом, д-р Димитар Стровјаноски и Никола Димов, на кој беше прецизирана потреба од 15 специјални медицински фотељи за болницата и уште 3 специјални медицински фотељи за потребите на здравствениот дом. На состанокот беше договорено Алма да ги организира потребите од транспорт и излез а Фокус од транспорт и влез на специјалните медицински фотељи во Македонија. Хуманитарната помош во Македонија треба да пристигне во месец април 2019 година.

Преставниците на двете партнерски граѓански организации, исто така, ја искористија можноста да разговараат и за подготовка на заеднички проект кој би се однесувал на ревитализација на недвижното културно наследство, како во Велес така и во руралните средини, и за развој на руралниот туризам преку сместување на туристи во домашни куќи во градот и во населените места на територијата на општината.