Фондацијата за локален развој и демократија "Фокус" започна со реализација на регионален проект "Партнерство - реалност или реторика?" финансиски поддржан од Институтот отворено општество - Романија, ФИООМ и Balkan Trust for Democracy.
Носител на проектот е Регионалната асоцијација за рурален развој од Романија во партнерство со: Институтот за демократија од Хрватска и Фондацијата Фокус - Велес од Р. Македонија.
Целта на проектот е подготовка на студија која ќе ги прикаже позитивните искуства и ефекти од воспоставувањето партнерства помеѓу НВО и локалните власти како и да помогне во размена на искуствата од регионот и дефинирање на областите кои треба да се подобрат.
За потребите на овој проект а со цел да се добие реална и објективна студија, Фондацијата ангажираше надворешен експерт проф. д-р. Љубомир Врангелоски од Универзитетот Св. Кирил и Методиј - Скопје кој ја подготви истражувачката методологија.
За таа цел ќе бидат спроведени следните активности кои ќе помогнат за подетална анализа: анкетирање, индивидуални интервјуа и дебати со фокус групи.
Coordinating organization:
Partner organizations: