Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1
Младинскиот Клуб при Фондацијата „Фокус“ го одржа јавниот настан за регрутација на средношколци и за промоција на проектните активности помеѓу граѓаните на Велес на 01.10.2011 (сабота) пред споменикот „Кочо Рацин“ (кај Гимназијата).
Image

Тимови од членови на клубот, на 02-03.10.2011 (понеделник и вторник) ги посетија класовите во четирите средни општински училишта, преку соопштение ги презентираа досегашните активности и реализирани настани на клубот, како и активностите што следуваат во наредниот период.
Image
Голема благодарност до ОСУ  Гимназија „Кочо Рацин“, ОССУ „Димитрија Чуповски“, ОССУ „Јовче Тесличков“ и ОССУ „Коле Неделковски“, кои ни излегоа во пресрет при самото регрутирање на средношколци од нивните училишта.
Младинскиот клуб „Фокус“ е задоволен од самата акција и од препознатливоста помеѓу средношколците во Велес, кои пројавија интерес за членување во клубот.