Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

Дебатерскиот тим при Фондацијата „Фокус“ од Велес,  во состав: Моника Саздова, Дејан Ризински и Весна Радиновска го освоија второто место на финалето дебатирајќи со тимот од Хрватска.

Во периодот од 28-30.10.2011 се одржа меѓународното дебатно првенство Macedonia Open 2011 во Гимназијата „Јосип Броз Тито“во организација на Младинскиот образовен форум. Финалниот натпревар се одржа на Факултетот за туризам и менаџмент во Скопје, на кое се натпреваруваа дебатерски  тимови од Република Македонија, како и дебатери од Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово, Романија и САД.

По тезите  „ Државата треба да и даде приоритет на слободата на граѓаните пред безбедноста” и „Државата смее да воведе рестрикции на сите алатки за комуникација во случај на немири“, младите дискутираа поделени во тимови, афирмирајќи или негирајќи ја зададената теза што ги учи на критичко однесување и на аргументирана дебата.