Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

Фондација за локален развој и демократија „Фокус“ ја одржа првата едукативна работилница од проектот „Читај и меѓу редови“ и во велешката Гимназија „Кочо Рацин“. На неа учествуваа 23 ученици од прва и втора година и иако релативно млади покажаа неверојатен интерес и сенс за темата медиумска умешност и критичко размислување.

За краток временски период почнаа да ги издвојуваат лажните вести од оние вистинските а тоа го покажаа и на едукативната работилница кога беспрекорно соработуваа со експертот – новинар Саше Димовски одговарајќи прецизно и точно на неговите поставени прашања во врска со медиумскиот средношколски форум.

На едукативната работилница учениците предложија теми за подготовка на прилози од поширок интерес на локалната заедница како што се лошите хигиенски услови во здравствените установи, проблемите во спортот, педофилијата, судење во разумен рок. Заедно со новинарот Димовски ги утврдија и сите извори кои ќе им бидат потребни за подготовка на веста.

Како резултат на трите едукативни работилници треба да произлезат осум ученички прилози кои ќе бидат објавени веб порталот Дума.мк како поддржувач на проектот што Фондација Фокус го реализира од септември годинава до февруари следната година.

Освен со средношколците од велешката Гимназија, во рамки на проектните активности, Фокус работи и со средношколци од кавадаречката Гимназија „Добри Даскалов“. И овие ученици, со помош на проектниот тим, треба да подготват 8 телевизиски прилози кои ќе бидат објавени на регионалната Телевизија КТВ од Кавадарци, која всушност е медиумски партнер на Фокус при реализација на проектот.

Проектот „Читај и меѓу редови“ Фондација Фокус го реализира како дел од проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – Критинк“ кој го спроведуваат Метаморфозис и Евротинк. Финансиски е поддржан од Европската Унија.