Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

Фондација за локален развој и демократија „Фокус“ Велес ја одржа втората едукативна работилница во Гимназијата „Добри Даскалов“ во Кавадарци во рамки на проектот „Читај и меѓу редови“. На неа учествуваше втората група на ученици од трета и четврта година. Учениците веќе ги покажаа првите резултати од проектот со тоа што полесно ги препознаваат лажните вести пласирани на медиумите. Прецизно и точно одговараа на прашањата на новинарот на тема медиумска писменост и критичко размислување.

На едукативната работилница учениците учениците предложија теми за подготовка на прилозите како што се проблемите со загадувањето на воздухот, сообраќајната некултура и недостигот од паркинг простор, спортските терени и многу други. Заедно со проектниот тим ги утврдија и изворите за подготовка на прилозите.

Во вториот дел од едукативната работилница, поделени во три групи пишуваа текст за загадувањето на воздухот, тема која што ги засега и нив и сите граѓани на Кавадарци. Учениците покажаа неверојатна креативност во осмислувањето и пишувањето на текстот.

По завршувањето на практичните вежби учениците заедно со проктниот тим ќе излезат на терен и ќе снимаат, потоа ќе пишуваат и монтираат прилози кои ќе бидат објавени на медиумскиот партнер на Фокус во проектот, Регионалната КТВ Телевизија.

Освен со овие средношколците, во рамки на проектните активности, Фокус работи и со средношколци од Гимназијата „Кочо Рацин“ во Велес. И овие ученици, со помош на проектниот тим, треба да подготват 8 прилози кои ќе бидат објавени на веб страницата Дума.мк, поддржувач на проектот.

Проектот „Читај и меѓу редови“ Фондација Фокус го реализира како дел од проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – Критинк“ кој го спроведуваат Метаморфозис и Евротинк. Финансиски е поддржан од Европската Унија.