Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

Учениците од Гимназијата „Кочо Рацин“ Велес, вклучени во проектот „Читај и меѓу редови“што го имплементира Фондација за локален развој и демократија Фокус, излегоа на терен. Заедно со проектниот координатор и експертот новинар ги подготвуваат прилозите кои ќе бидат финален производ на проектот. Тие ги снимаат прилозите на теми што ги избраа за време на едукативните работилници.

„Одолговлекување на судските процеси“ е темата на која работеше ученикот од прва година при велешката Гимназија, Марко Ингилизов. Тој направи интервју со судијката од Основниот суд во Велес, Габриела Гајдова кое ќе биде објавено на веб порталот Дума.мк.

Ученичката од прва година Матеа Несторова пак работеше на темата „Алтернативна театарска сцена“. Потребата од соодветен простор на кој учениците ќе можат да ги изразуваат своите уметнички вештини како и моменталната состојба во која се наоѓа единствената сала која што им е на располагање, ја инспирирало да работи на оваа тема.

Несторова побара став и од актерката Слободанка Чичевска која со години работи со талентирани млади театарски надежи.

Таа разговараше со директорот на Општинската локална библиотека „Гоце Делчев“ во која се наоѓа салата како и со директорот на народниот театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот. Во прилогот ќе ги пренесе и ставовите на нејзините соученици кои ја сочинуваат аматерската театарска група.

„Лошата состојба во која се наоѓа салата во која спортуваат младите од градот, проблемот со бездомните животни, финансирање на училишниот спорт, потреба или не од училишни униформи, се дел од темите на кои работат учениците од Гимназијата Кочо Рацин.

На теми од суштинско значење за нив и за граѓаните на Кавадарци работат и учениците од Гимназијата „Добри Даскалов“, како што се аерозагадувањето во градот, лошата состојба на градскиот фудбалски стадион, проблемот со недостиг од паркинг простор и други. Прилозите што тие ќе ги подготват, ќе бидат објавени на Регионалната КТВ телевизија, медиумскиот партнер на Фокус во проектот.

По објавувањето на прилозите, Фондација Фокус ќе го реализира завршниот настан од проектот, на кој ќе ги собере сите ученици вклучени во проектот, професорите по македонски јазик и литература, општинските просветни работници, директорите на двете Гимназии, како и градоначалниците на општините Велес и Кавадарци. На овој настан ќе бидат презентирани прилозите на учениците а ќе имаат можност да отворат јавна дебата за медиумската писменост и критичкото размислување, да разменуваат искуства и да се дружат.

Проектот „Читај и меѓу редови“ Фондација Фокус го реализира во рамки на проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – Критинк“ што го имплементираат Метаморфозис и Евротинк. Финансиски е поддржан од Европската Унија.