Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

По шестмесечно реализирање на проектни активности, Фондација за локален развој и демократија Фокус Велес го финишираше проектот „Читај и меѓу редови“. Пред стотина ученици од Гимназиите во Велес и во Кавадарци, професори, директори, претставници на Граѓански здруженија и донаторите, тимот на Фокус ги презентираше постигнатите резултати од проектот.

Фондација Фокус ја исполни целта, помогна да се зголеми свеста кај младите во Вардарскиот регион за медиумска писменост и критички став. Над 80 ученици, во изминатите шест месеци, се едуцираа за тоа што е вистинита а што лоажна вест. Се запознаа со процесот на новинарската работа, излегоа на терен, снимаа, фотографираа, пишуваа и станаа дел од големото друштво на граѓански новинари. Се интересираа за теми блиски на нивната возраст, но покажаа интерес и за секојдневните проблеми со кои се соочуваат нивните сограѓани, посакаа што поскоро позитивни промени за сите.


Нивните прилози од кои 8 видео и 8 за он лајн медиум беа презентирани пред присутните и предизвикаа големо внимание и пофалби. Дебатираа на тема „Читај ја вистината-оттргни се од лагата“.


Учениците учесници во проектот добија и флаери со препораки да внимаваат и да проверуваат што читаат и каде читаат какви било информации и да не дозволуваат да бидат изманипулирани. Глаерот содржи и дел од пораките на поддржувачите на Фокус во нејзината цел за што поголем број на медиумски писмени граѓани со критички став. Тоа се: новинарот и претседател на Здружението на новинари на Македонија - Младен Чадиковски, новинарот и член на Советот за етика во медиумите во Македонија – Мирче Адамчевски и новинарот и претседател на Платформата за истражувачко новинарство – ПИНА – Кристина Озимец.

Инаку проектот „Читај и меѓу редови“ е дел од проектот „Со критичко мислење до гражани со медиумска умешност- Критинк што го спроведуваат Метаморфозис и Евротинк. Финансиски е поддржан од Европската Унија.