Публикации

policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

 

Kllubnamladi4

На настанот, одржан на 10.09.2020 , учествуваа вкупно 22 лица од кои 14 претставници на четирите средни училишта во Велес, 6 преставници на Клуб на млади на Фондација „Фокус“,извршен директор на Коалиција на младински организации „СЕГА“ од Прилеп и граѓански активист. Дебатата се одржа во паркот пред велешка Гимназија и средното хемиско училиште.

Debata2

Средношколците ги поздрави Зоран Илиоски,извршен директор на Коалиција на младински организации „СЕГА“ од Прилеп. Отварајќи го настанот Илиоски пренесе добри практики во работата на граѓанскиот сектор во државата како и од земјите членки на ЕУ со посебен мотивирачки акцент на волонтерството и ангажманот на младите луѓе.

Debata8

Зошто на Велес му е потребен граѓански активизам на волонтерска основа соопшти во воведот на настанот секретарот на Клуб на млади на Фондација за локаленразвој и демократија „Фокус“, Ивана Мирчевска. Беа набројани сите позначајни активности што активистите на Клубот и Фондација „Фокус“ ги спровеле во изминатите години и со кои придонеле во развојот на локалната заедницата. Мирчевска ги соопшти и најзначајните активности од Годишната програма за работа на Клубот како што се Читална на отворено, подигнување на првиот парк со лаванда во градот Велес, кој може да има и финансиски бенефит што ќе овозможи континуитет за разубавување на останати јавни градски простори со други содржини, поставување на Куќички за птици како и создавање на нови мурали што од една страна ќе придонесат за откривање на талентирани ученици и од друга страна ќе го разубават градот.

Debata7

На учесниците на настанот своето долгогодишно искуство во граѓанскиот активизам и особено во волонтирањето им го пренесе познатиот и признат активист, велешанецот Игор Смилевод од ЗГ „Грин Пауер“. Како пасиониран вљубеник во природата тој ги мотивираше присутните за чести посети и претстои во природа, за заштита на природните потенцијали, за трасирање на што поголем број на пешачки патеки во шумските предели, особено во атарот на масивот Јакупица,во Општина Чашка, како и за грижа на веќе трасираните пешачки патеки од страна на ЗГ„Грин Пауер“. Споделеното искуство од страна на Смилев, Мирчевска и особено од Илиоски ги мотивираа присутните да отворат дебата и активно да учествуваат во неа.

Debata5

Така произлегоа заклучоци за поставување на пристапни рампи и лифтови во трите средни училишта во Велес, откако тоа го има Гимназијата, каде е олеснат пристапот на учениците со посебни потреби, опремување на училиштата со шкафчиња за опрема, современ инвентар, кабинети и реновирани тоалети со средства за лична хигиена. Потоа поделба на машки и женски тоалети во Економското училиште, обновување и разубавување на училишните дворови и паркови, кампања против расни, етнички, верски и други навреди помеѓу средношколците, пошумување на голините околу Велес, изградба на велосипетска патека во градот, згрижување на бездомни животни, зголемена полициска контрола против продажба на наркотични средства, конституирање на Средношколски заедници по мерка на средношколците, анкетирање на средношколците за избор на модел на образование во услови на Ковид-19 и избор на ново раководство на Советот на млади на Општина Велес.

Debata6

На крајот беше договорено, работна група, од присутните да ги дефинира предлозите во Предлог –Приоритети а потоа на втор настан да му ги предаде на Градоначалникот на Општина Велес и со него да договори конкретен рок на реализација.

Klubnamladi3

Naslovnamladidebata1

Клубот на млади на Фондација за локален развој и демократија „Фокус“ дебатата ја организираше како настан финансиски поддржан од проектот „Младите и европските вредности“ на Коалиција на младински организации „СЕГА“ од Прилеп

 

Линкови од медиумски објави:


http://www.duma.mk/region/veles/30055-2020-09-11-14-30-19?fbclid=IwAR3zPA_Ak5ewE-W4PSvzfv6jkTY0_QS91kpKdhLkY7PeCX0SmUr627r3hWs