Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

Kafesredbanaslovna

Кафе средбата на тема „Младите и граѓанскиот активизам“ се одржа на 21.09.2020 година на платото пред Н.Т „ Јордан Хаџи Константинов Џинот“ во Велес. Иако беше закажана во согласност со слободниот термин на Градоначалникот Аце Коцевски, тој го откажа своето присуство на два часа пред почетокот и не дојде ниту еден претставник на Одделението за јавни дејности на Општина Велес.

Kafesredba2

Но и без нивно присуство кафе средбата средношколците одлучија да ја одржат и по неуспешниот обид за стримање на настанот, да го пренесат преку опцијата live на социјалната мрежа Фејсбук.

Kafesredba3

На кафе средбата од средношколците јавно беа презентирани нивните дефинирани иницијативи така што тој што ја предложи имаше можност и да ја образложи. Потоа средношколците сами дебатираа и се договорија да направат уште еден обид за лично предавање на листата со Предлог – Приоритети на Градоначалникот Аце Коцевски.

MladinskiklubKafesredba1

Настанот беше фотографиран од професионален фотограф и фотографиите експресно извадени за од нив да биде поставена и изложба.
Јавното пренесување на настанот, објавените текстови на порталот Дума.мк, на платформата на националниот сервис МИА и телевизискиот прилог на ТВ„Здравкин“ придонесоа за итна реакција од страна на Општина Велес која во телефонска комуникација, во мејл комуникација и со испратено писмо до Фондација „Фокус“ побара итно предлагање на кандидат за член на Советот на млади на Општина Велес.

Kafesredbaposledna

Клубот на млади веќе го избра својот преставник, во ова многу значајно за нив тело, во Општина Велес. Подготви кандидатура и истата ја испрати до Општина Велес.

Преставник на Клубот на млади ќе биде Игор Стојков.

Како дополнителна вредност на овој настан сметаме дека е поттикот и мотивацијата што ги предизвикавме кај општинската администрација за конституирање на новиот состав на Советот на млади што инаку е со изминат временски период од седум месеци.

Kafesredbaplatopredteatar fin

Настанот технички и со столици за седење како и масички го помогна велешки театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“, за што упатуваме јавна благодарност.

Клубот на млади на Фондација за локален развој и демократија „Фокус“ работниот состанок го одржа како активност финансиски поддржана од проектот „Младите и европските вредности“ на Коалиција на младински организации „СЕГА“ од Прилеп

Линкови од медиумски објави:

Facebook 

Дума.Мк 

 

МИА  

ОПСЕРВЕР