Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

Фондацијата  за локален развој и демократија ФОКУС,  после јунскиот музичко забавен хепенинг,  продолжи да го имплементира проектот Младите за Отворено Општество - Локална Младинска Иницијатива на територијата на општина Велес,  кој е финанансиски поддржан од Фондацијата Институт Отворено Општество Македонија (ФИООМ) како Имплементатор на национално ниво е Младинскиот Образовен Форум(МОФ).

Во нашиот  Младинскиот клуб  активни се средношколци сите од средни  општински училишта во Велес. Во овие моменти,  клубот брои над 25 члена .

Согласно редовните активности, клубот избра свое раководство, за претседател е избран Страхил Тодоровски, ученик од ОСУ „Димитрија Чуповски“, а за секретар Маринела Мајнова, ученичка во  ОСУ „Гимназијата Кочо Рацин“.

Потоа од членовите на клубот, со цел да се подобри животот на младите во Велес,  десетина на приоритети кој по принцип на елиминација се пристапи до Општина Велес, со предлог приоритетот во подготовка е спроведување на  кампањата за уредување и одржување на Детските Игралишта и зачувување на урбаната опрема во Општина Велес.  Локалната самоуправа ја препозна идејата на младите и е во најава за партнер за реализација на активностите.

Овој значаен проект ќе се реализира во соработка со Општина Велес која  ќе ја поддржи кампањата за заштита на урбаната опрема. За оваа кампања обезбедени се средства во висина од 100.000 денари во рамките на Програмата за активностите на Општина Велес во областа на промоција и комуникација со јавноста во 2008 година.

 

За текот на активностите на кампањата навремено ќе бидете известени.