oie nVBAHBkyAazw

 

 

 

Работилницата на тема „Младинско вработување“ се одржа на 25.03.2010, во просториите на Фондацијата „Фокус“. На неа учествуваа членовите на младинскиот клуб при Фондацијата „Фокус“ , од бизнис секторот, студенти од Техничко-технолишкиот факултет и професори од средните училишта.

 

 

 

На работилницата средношколците ги искажаа своите мислења и идеи за тоа како може да се намали степенот на невработеност, а воедно и беа заинтересирани за начините за младинско самовработување и креирање на свој сопствен бизнис. Одговорите на овие прашања ги дадоа преставниците од бизис секторот и дел од излагачите наработилницата, кои беа пријатно изненадени од заинетересираноста на младите да станат млади претприемачи, подготвени да превземат ризик и да целат кон успехот.

Одговорно претприемништво за млади: Креирање култура на антикорупција во приватниот сектор

 

 

Денеска во просториите на Фондацијата „ФОКУС“ се одржа семинар на тема: “Одговорно претприемништво за млади: Креирање култура на антикорупција во приватниот сектор”, која е дел од многуте активности на Фондацијата ПСМ (Yes-incubator), финансирана од Европската Комисија. На него учествуваа преставници од следниве институции и организации: Сашко Ристовски - ЛЕР Велес, Зоран Јанкуловски - Здружение на финансиски работници, Бобан Пановски – Технолошко-технички факултет - Велес, Софија Цали - “Младите можат” и Маико Којима од АИЕСЕК од Јапонија. Модератор на трибината беше новинарот Саше Димовски. Како гости - учесници на оваа трибина беа членовите на Младинскиот клуб ФОКУС, преставници од бизнис секторот, од ЛЕР при Општина Велес, професори од средните училишта и други заинтересирани граѓани. На неа се говореше за начините за спречување на корупцијата на сите полиња, но и за последиците од неа и обостраната одговорност.

 

 

 

Кон крајот на април оваа година, се очекува да се случи национална конференција, која ќе преставува и официјално завршување на овој проект.

 

Image

Младинскиот клуб при Фондацијата “Фокус” во рамките на проектот „Младите за отворено општество - Локална младинска иницијатива“, кој се реализира во партнерство со Младинскиот образовен форум (МОФ), финансиски поддржан од ФИООМ,  организира јавен настан со наслов:

„Биди урбан во Велес “

Јавниот настан го организираме со цел да се подигне урбаната култура помеѓу младите во Велес преку стрип цртање, ликовни работилници, промоција на фотографии, цртање на графити, музички настап, модерен балет и возење на ролерки.

Настанот ќе се одржи на ден 17.06.2009 год (среда) со почеток од 19:00 часот, во младинскиот парк на Општина Велес.

Посебна чест ќе ни претставува доколку и Вие присуствувате на настанот и ги проследите креативните творби и промоцијата на младите уметници од Велес.