Фондацијата за локален развој и демократија Фокус во соработка со општина Велес, во салата за пресс конференции на општината, релизираше работилница на тема „Презентирање на начините на кои општината ги информира граѓаните“. Целта на оваа работилница е на младите да им се презентираат моделите на кои општината ги информира граѓаните, но и да се изнајдат механизми за нивно приближување до младите.
Реализирана последната активност со наслов „Марш на идеи“ како дел од кампањата „Има начин да се активираш“ на платото пред Гимназијата „Кочо Рацин“.
Во рамките на кампањата „Има начин да се активираш“ во Младинскиот парк во Велес се одржа јавен настан, кој беше наменет за младите во Велес. Преку куглање младите ги срушија негативните влијанија кои постојат кај младата личност како апатија, недоверба, мрзеливост и сл. Исто така имаа прилика да составуваат сложувалка на која беа запишани позитивните вредности од типот: младински активизам , дебата, волонтерство, учиме право и сл.