Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

Во тек е изготвувањето на нацрт-програмите за активностите на Општина Велес во 2010 година во областа на: образованието, културата, социјална и здравствена заштита, спорт, млади и поддршка на НВО секторот. Сите институции, здруженија на граѓани и поединци кои имаат проекти од поширок интерес на заедницата и конструктивни предлози и идеи за активности што треба да се реализираат во 2010 година, можат да доставуваат свои предлози.

 

Предлозите се доставуваат до Општина Велес, Одделение за образование, култура, здравство, социјална заштита, спорт и соработка со здруженија на граѓани и фондации, ул. „Панко Брашнар“ бр.1 или во електронска форма на e-mail: katica.cadieva@veles.gov.mk. најдоцна до 16.10.2009 година.

 

Предлозите треба да бидат добро образложени, со временска рамка на активности, носители, извршители и буџет.

 

 

По нацрт-програмите ќе бидат организирани јавни расправи на кои можат да учествуваат сите заинтересирани граѓани.

Со почит,

Градоначалник на Општина  Велес

Горан Петров