Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

ПОКАНА

За присуство на работилница за идентификација на граѓанските приоритети за 2010 година.

Почитувани,

Општина Лозово и Фондацијата за локален развој и демократија ,,ФОКУС,, -Велес организираат  работилница за идентификација на граѓанските приоритети за 2010 година.

Приоритетите кои ќе бидат предложени на работилницата од страна на месните заедници и невладините организации, ќе бидат доставени до општинските служби и Советот на општината со цел да бидат земени предвид при подговтовка на Нацрт програмите на општината за 2010 година.

За таа цел, Ве покануваме да присуствувате на работилницата закажана за 19.10.2009 год. (понеделник) во малата сала во општина Лозово со почеток во 15.30 часот.


Со поканата Ви го доставуваме и предвидениот дневен ред на работилницата.

Фондацијата ,,ФОКУС,, за сите присутни учесници ќе обезбеди превоз, печатени материјали и освежување.

Со надеж дека ќе ја прифатите поканата за присуство Ве поздравуваме.

 
Дневен ред
на работилница за идентификација на граѓанските приоритети
за програмите на Општина Лозово за 2010год.,   
мала сала на општина Лозово, 19.10.2009 год.



•    15.30 - 16.00  - Вовед на работилницата

о    Цел на работилницата
о    Очекувања од работилницата
о    Норми за работа
о    Информација за реализирани приоритети од минатата година
(изложени од претставник на НВО, модератор и претставник од општината)



•    16.00-16.30  - Идентификација на проблеми/приоритети во локалната  средина

о    Информација за плановите и приоритетите на општината за 2010 година
о    Дефинирање приоритети по месни заедници

•    16.30-16.45 - Пауза за кафе


•    16.45-17.30 - Преглед на приоритетите

о    Дискусија
о    Одредување  5 генерални потреби и приоритети


•    17.30 -17.45 -  Оценка на работилницата

•    17.45 - Завршување на работилницата и заминување на учесниците