Почитувани,

Општина Велес и Фондација „Фокус“, Ве покануваат на Јавна расправа по Нацрт-документите на општината за 2011 година.
Јавните расправи ќе се одржат на  05.11.2010 година (петок)  во големата сала на Општина Велес и тоа:

* за претставниците од урбани и месни заедници со почеток во 16:30 и

* за претставниците од:  областите на образованието, културата, здравствената и социјална заштита, како и од здруженија и фондации (спортски клубови, невладини организации, културно уметнички друштва итн.) и сите заентересирани граѓани со почеток во 18:30 часот.

Нацрт - документите што ќе бидат презентирани на Јавната расправа можете да ги најдете и во електронска верзија на веб страната на Општина Велес www.veles.gov.mk , Вашите забелешки по нив можете да ги упатите на засебниот линк за коментари на истата веб страна.

 

На Јавните расправи ќе бидат разгледувани Нацрт – документите на Општина Велес за 2011 година:

- Нацрт-програма за уредување на градежно земјиште и заштита на животната средина на просторот на Општина Велес за 2011 година.
- Нацрт -програма за активностите на Општина Велес во областа на Локалниот економски развој (ЛЕР) и развојот на информатичката технологија (ИТ) за 2011 година.
- Нацрт- програма за активностите на Општина Велес во областа на културата за 2011 година.
- Нацрт- програма за активностите на Општина Велес во областа на образованието во 2011 година.
- Нацрт- програма за активностите на Општина Велес во областа на здравството и социјалната заштита во 2011 година.
- Нацрт- програма за активностите на Општина Велес за поддршка на НВО секторот во 2011 година.
- Нацрт- програма за активностите на Општина Велес во областа на заштитата и спасувањето и противпожарната заштита и справувањето со кризи во 2011 година.
- Нацрт- програма за активностите на Општина Велес во областа на спорт и млади во 2011 година.
- Нацрт- програма за активностите на Општина Велес во областа на промоција и комуникација со јавноста во 2011 година.
- Нацрт- програма за активностите на Општина Велес во областа на меѓународната соработка во 2011 година.                                                                                                                                                                  


Градоначалник                                                                                           Извршен директор
на Општина Велес                                                                                      на Фондација „Фокус“
Горан Петров                                                                                            Веса Шкортова