Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

Почитувани, Фондацијата за локален равој и демократија ФОКУС, во врска со соопштение , на Општина Велес, од 02 октомври 2007 година, за прибирање на проекти од поширок интерес, во насока на подготовка на нацрт - програмите за активностите на Општина Велес во 2008 година, побара од надлежните во Општина Велес дообјаснување и одговори на прашања за следниве параметри предвидени во постапките за поднесување на предлог проекти и активности.

Нашето барање го доставивме, на 03 октомври 2007 гоаина, затоа што се определивме да тендираме кон предлагање на конструктивни и реални предлози и идеи за 2008 година. Но, согласно соопштението на Општина Велес, крајниот рок беше 15 октомври 2007 година, а ние НЕ добивме НИКАКОВ одговор, затоа целосното писмо Ви го презентираме, се надеваме, дека можеби поштата затаила.

Прашањата, кои го доставивме до Општина Велес, се однесуваа на дообјаснување на параметрите за јасно дефинирање на транспаретност, одговорно управување, отчетност, одговорност и демократски принципи, при креирањето на Годишните програми и Буџеттот на Општината за 2008 година.

До г-ѓа Марија НастоваР

Раководител на Секторот правни, финански, општествени, развојни и општи работи во Општина Велес

Предмет: Барање за објаснување на постапка за поднесување на предлог проекти и активности за поширок инетрес за 2008 година,

Почитувана г-ѓа Настова

Во врска со Вашето соопштение од 02 октомври 2007 година, за прибирање на проекти од поширок интерес, во насока на подготовка на нацрт - програмите за активностите на Општина Велес во 2008 година, Фондација ФОКУС од Вас бара дообјаснување и одговори на прашања за следниве параметри предвидени во постапките за поднесување на предлог проекти и активности:

¨ Кои се дефинираните приоритети на Општина Велес предвидени за реализација во 2008 година за областите кои се дефинирани во Вашето соопштение?

¨ Кои се предвидените цели врз основа на приоритетите детектирани за работата во 2008 година, врз основа на кои ќе се водат проектните активности?

¨ Влијанието на принципите: економичност, ефикасност и ефективност врз основа на кои треба да се спроведуваат активностите и проектите?

¨ Кои се достапните параметри за планирање на финансиското работење, финаснсиската конхерентност и буџетирање на општината ?

¨ Процедурата на финансирање, оценување и поднесување на барањата, кои ќе обезбедат целосна отвореност и јасност при процесот на одлучување?

¨ Дали при поднесувањето на предлозите и барањата од страна на здруженијата на граѓани и институции потребно е да го запазат начелото на водење од соптвената мисија?

¨ Кои се објективните критериуми за еднаков третман на поднесувачите на барања и проекти, кои ќе се користат при процесот на селекција?

¨ Дали извештаите за досегашното сопствено финансиското работење на организациите и институциите се критериум за поднесување на барање?

¨ Критериумите за јавно известување по прифатените и одбиените предлози и барања?

¨ Кои се приоритетите врз основа на кои ќе се одредува одржливоста на иницијативите?

¨ Дали е предвидено јавно објавување на резултатите на донесените одлуки?

Фондацијата ФОКУС ова од Вас гобара, затоа што се определи да тендира кон предлагање на конструктивни и реални предлози и идеи. Истовремено ја имате нашата поддршка во настојувањето да продолжите да вклучувате; организаиции (институции и здруженија на граѓани) во процесот на креирање на програмите на Општина Велес за 2008 година како и одлуката да организирате јавни расправи.

Се надеваме дека Вашите ценети дообјаснувања и одговори ќе ги добиеме благовремено, со цел да ги поднесеме нашите предлози услогласени со мисијата и годишна програма на фондацијата.