Поаѓајќи од принципот од граѓаните за граѓаните, Фондацијата за локален развој и демократија ФОКУС работи на:
- Поттикнување и развој на доброто управување на локално, регионално и национално ниво
- Поттикнување на одржливиот развој во локалната и регионалната заедница
- Зголемување на граѓанското учество во процесите на одлучување на локално, регионално и национално ниво
- Поттикнување на граѓанскиот ангажман и волонтерството во интерес на сите граѓани
- Развој на домашни и меѓународни мрежи за граѓански активизам
Со цврста определба за успех во спроведувањето на главните цели, Фондацијата за локален развој и демократија ФОКУС се стреми кон спроведување на планираните активности за развој што водат кон вистински, значаен и траен придонес во подобрувањето на квалитетот на животот на сите граѓани.
Во својата работа, Фондацијата за локален развој и демократија ФОКУС ги применува принципите на транспарентност, професионалност, одговорност и етичност кон сите поединци, организации, компании и институции што ги користат услугите на фондацијата.
Посветена на континуираното подобрување на своите капацитети Фондацијата за локален развој и демократија ФОКУС сериозно и одговорно пристапува кон секој проект и активност во интерес на заедницата.
Взаемната почит, тимската работа и градењето на партнерства се двигатели на активностите на фондацијата насочени кон подобрување на животот на граѓаните.