Развој на регионална и меѓународна соработка
Учество на меѓународни конференции
Фокус за своите вработени, волонтери, основачи и членови на УО ќе обезбеди учество на конференции во регионот на теми кои се од интерес на организацискиот развој или соодветствуваат на целите кон кои Фондацијата се стреми. Ваквите настани ќе бидат искористени и за промоција на Фокус и за воспоставување потенцијални партнерства со организации од регионот особено со оние од државите членки на ЕУ.
Членство во регионални мрежи
Во 2012 година Фокус ќе се вклучи во реализација на заеднички проекти и акции во рамки на регионалната мрежа на АЛДА од која очекува официјална верификација на членството. Исто така „Фокус“ ќе обезбедува релевантни информации за случувањата во регионот и заеднички настап во реализација на својата мисија.
Воспоставување соработка со сродни организации од регионот
Со сродните организации од регионот, Фондацијата ќе воспостави соработка и ќе иницира заднички регионални настани и средби заради споделување на добри практики и позитивни искуства но и заедничка реализација на проекти. Особено ќе биде воспоставена поблиска соработка со организациите од Западен Балкан кои работат на активно граѓанство со кои „Фокус“ има разменето контакти од учествата на меѓународните конференции и студиски посети.