Битола, 31 март.2016 година, Седумнаесет микропретпријатија од Битола присуствуваа на целодневна основна обука за јавни набавки која се одржа во Битола. Сертифициран обучувач на фирмите им го презентираше начинот на кој тие може да се вклучат во процесот на јавни набавки и да добијат дел од колачот од јавни пари. По завршување на обуката микропретпријатијата ќе може да ги користат услугите на центарот за јвани набавки во Велес секогаш кога ќе се соочат со каков било проблем поврзан со јавните набавки.
Обуката се спроведува во рамки на УСАИД проектот за пристап на микропретпријатијата до јавните набавки кој го спроведуваат Фондација „Фокус“, невладината „Ехо“ од Штип под менторство на Центарот за граѓански комуникации од Скопје.