Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

Ресен, 7 јули 2016 година, Петнаесет микропретпријатија од Ресен учествуваа на целодневната обука за јавни набавки која се спроведе во рамки на УСАИД проектот за пристап на микропретпријатијата до јавните набавки. На обуката на микро и малите претпријатија од сертифициран обучувач им беше презентиран целокупниот процес на јавни набавки и детално им беше доближен начинот на кој тие може да учествуваат во овој процес.

Присутните претставници на претпријатијата по завршување на обуката секојдневно може да ги користат услугите од Регионалниот центар за јавни набавки доколку се соочат со какви било проблеми со јавните набавки.

УСАИД проектот за пристап на микропретпријатијата до јавните набавки го реализираат Центарот за граѓански комуникации од Скопје, Фондација „Фокус“ од Велес и „Ехо“ од Штип.