Велес, 27.04.2017 година Фондација за локален развој и демократија „Фокус“ од Велес ја формираше Комисијата за надзор и контрола што ќе ја следи работата и ќе ја има улогата на контрола врз работењето на Фондацијата. Членови на Комисијата се дипломираните економисти Гордана Јовева и Билјана Саздова и магистерот за јавни набавки Јонче Димковски.

Тие ја одржаа првата конститутивна седница на која се изјаснија дека прифаќаат доброволен ангажман и ја понудија својата професионалнoст. Фондација Фокус очекува членовите на Комисијата за надзор и контрола освен статутарната обврска за одржување на еден состанок во текот на календарската година, континуирано да ја следат и контролираат работата на организацијата.


Формирањето на Комисијата за надзор и контрола е поддржана од програмата Civica mobilitas.