Фондација „Фокус“во партнерска соработка со Фондацијата „Метаморфозис“ во рамки на проектот „Децентрализирана соработка помеѓу Македонија и регионот Долна Нормандија“ ја реализираа првата обука.
11-те учесници на првата обука подготвија и внесоа статии за Велес и регионот на веб порталот www.wiki.mk. На овој начин тие ја збогатија страната со интересни и корисни информации од различни области : култура, туризам, значајни личности, објекти, настани и сл.
Во период од 15-22 август во детското одморалиште „Мајски цвет“ се одржа МОФ Летната академија „Слобода на изразување“, на која учествуваа 150 средношколци и студенти од 14 градови од Р.Македонија. Со 9 учесници на академијата учествуваше и младинскиот клуб при Фондацијата „Фокус“ од Велес.

На академијата се одржаа серија на обуки и тоа: обука за тренери по дебата и учиме право, обука за дебатни судии, обука за аудио и видео активизам , изработка на накит од е-отпад, граѓанско новинарство, изведбени уметности и перформанс градеа вештини и промовираа слобода на изразување.
Исто така младите имаа можност да дебатираат по Карл Попер форматот и Британска парламентарна дебата.

Фондацијата ФОКУС, во деновите 14 и 15 јуни 2011 год. во Хотел Метропол – Охрид , како партнер oрганизација на: тимот на Проектот Техничка поддршка за граѓанските организации –ТАКСО, Граѓанската асоцијација МОСТ, Фондацијата за развој на локалната заедница Штип и Асоцијацијата за демократски иницијативи учествуваше на конференција „Квалитетот во работењето на граѓанските организации“.