Волонтерскиот клуб својата програма ќе ја реализира во согласност со Статутот и програмските области на Фондацијата преку гранки кои ќе се формираат врз основа на тематски и територијален принцип со одлука на Програмската група.

Со Работата на волонтерскиот клуб ќе управува Координаторот на клубот кој заедно со Програмската група е одговорен за реализација на програмата и проектите и дава предлог до менаџерскиот тим за опис на работните ангажмани за секој волонтер, доставува предлог планови програми стратегии и извештаи. Програмската група е именувана од Извршниот директор и Програмски директор, а ја сочинуваат Програмскиот директор и по еден претставник од секоја гранка.

За тековната реализација на програмата и плановите на Волонтерскиот клуб ќе се грижат координаторот на клубот и Програмската група. Координаторот на клубот ќе го именува Извршниот директор и Програмскиот директор. Координаторот на клубот непосредно соработува и поднесува месечни извештаи и предлози и мислења до Програмскиот директор.

Оценувањето на работата на клубот и волонтерите ја врши Програмската група. Волонтерскиот клуб според однапред определи критериуми за потребите за ефективно реализирање на активности од програми, проекти, операции и планови може да формира гранки кои ќе ги координираат членови од статусот на долгорочни волонтери.

Приемот на волонтерите ќе го врши комисија составена од менаџерскиот тим и Координаторот на волонтерскиот клуб и програмски координатор. Комисијата по претходно добиени дефинирани потреби од страна на Програмската група за ангажирање на волонтери објавува оглас за волонтери и врши прием на волонтери.
Image
Image