Име на организација: Фондацијата за локален развој и демократија „Фокус“ Велес, Република Северна Македонија
Седиште: ул. Трајко Панов бр.22 1400 Велес
ЕМБС: 6156568
Датум на основање: 19.10.2006 година
ЕДБ: 4004006120040
Банка депонент: Комерцијална банка АД Скопје
Трансакциона сметка: 300270000081357
Овластен застапник: Убавка Јаневска, Извршна директорка
Организационен облик: 10.9 – Останати општествени организации , фондации и здруженија на граѓани
Визија:
Фондацијата за локален развој и демократија ФОКУС-Велес е финансиски и материјално стабилна организација, вклучена во локални, национални и меѓународни мрежи на соработка. ФОКУС е организација етаблирана во јавноста која придонесува за вклученост на граѓаните во процесите на одлучување, како и демократски, социјален и економски развој во регионот.
Мисија:
Фондацијата за локален развој и демократија ФОКУС- Велес ги унапредува демократијата и граѓанското опшетство, придонесува за развој на социјалните и економски процеси. Развива и поддржува иницијативи кои се темелат на добро управување и одговорни граѓани.
Вредности и принципи:
- Интегритет на организацијата и нејзиното целокупно работење, отчетност и транспарентност,
- Посветеност на целите, услугите кон граѓаните и институциите во регионот во процесот на унапредување на демократијата и граѓанското општество,
- Партиципативност на граѓаните во градење на демократско општество,
- Тимска работа, градење на одговорност, конзистенстност и компетентност на вработените,
- Професионалност, респектибилност и квалитет во спроведување на проектните активности,
- Градење партнерства и соработка со други орагнизации, заради остварување на заеднички цели.
Стратешки оперативни цели:
Стратегиска цел 1: Унапредување на вклученоста на граѓаните во процесите на одлучување и развој на заедницата
Специфични цели
- Иденитификување на потреби на граѓани и нивно процесуирање до локалните власти
- Поддршка на иницијативи од неформални женски групи
- Поддршка на младите во изразување на своите ставови
Стратегиска цел 2: Мониторинг на локалната власт за практикување на принципи на добро управување
Специфични цели
- Следење на донесување на програми и буџети на општините во регионот
- Мониторинг на реализација на програми и буџети на општините во регионот
Стратегиска цел 3: Развој на социјални и економски процеси
Специфични цели
- Поттикнување и развој на женското предприемништво
- Градење на партнерства со бизнис заедницата
Стратегиска цел 4: Институционален развој
Гралвни активности:
- Организирање трибини и дебати по актуелни прашања во заедницата
- Организирање на работилници за утврдување граѓански приоритети;
- Организирање јавни расправи за програмите и буџетите на општините;
- Организирање на обуки за претставници на месна самоуправа;
- Анализи за квалитет на услуги и следење на развојните процеси во аедницата;
- Мониторинг на реализација на општинските програми и буџети;
- Работилници за бизнис сктор и граѓанско општество за транспарентност и отчетност во јавни набавки;
- Поддршка на граѓанскио сектор за вклучување во процес на следење на јавни набавки на локално ниво;
- Промовирање на нови технологии во процесите на креирање на политики и вклучување во донесување на одлуки;
- Воведување на стандарди за квалитет во работата
- Подобрување на техничка опременост на организацијата;
- Обуки за вработени, волонтерите и членови на Одборот
- Развој на волонтерска пракса
- Учество на меѓународни конференции
- Членство во регионални мрежи
- Воспоставување на соработка со сродни организации од Западен Балкан
- Воспоставена мрежа од граѓански организации кои го мониторираат спроведувањето на јавните набавки користејќи унифицирани алатки за мерење и проценка на почитувањето на стандардите за транспарентност, отчетност и интегритет во јавните набавки
- Стратешки план за развој на Фондација „Фокус“ 2017 - 2020
-Стратешки план за развој на Фондација „Фокус“ 2013-2015