По шест годишно успешно функционирање во рамките на проектите „Јакнење на капацитетите на НВО надвор од главниот град“ во периодот 2001-2003 година и проектот „Поддршка на иницијативи на НВО за развој на заедницата” 2004-2006 година, Центарот кон крајот на 2006 година се трансформираше во локална Фондација - Фокус.
Проектот „Центри за поддршка“ беше финансиски поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка и Фондацијата Институт отворено општество Македонија (ФИООМ) и имплементиран од ФИООМ.
Фондацијата за локален развој и демократија „Фокус“, Велес, е настаната како резултат на трансформацијата на Центарот за поддршка на НВО во Велес на 24.10. 2006 година.
Фондацијата за локален развој и демократија „Фокус“ е основана од основачите Веса Шкортова, Димче Велев, Убавка Јаневска и Максим Ацевски.
Размислувавме глобално и започнавме да делувавме локално. Не мотивираа граѓаните желни за демократија базирана напринципи на добро владеење и одговорно општество откако шест години помагавме да се здружат во неформални групи и да ги градат своите капацитети. Се создаде база на граѓански активисти со стремежи и заложби за континуиран развој на граѓанското општество . Така пред 10 години една успешна приказна на еден „Центар за поддршка на невладини организации“во Велес се трансформира во Фондација за локален развој и демократија „Фокус“ како невладина,непартиска и непрофитна организација.
Основачите, четворица граѓански активисти, на 24 октомври 2006 година запишаа:
“Денес е вторник. Тополите цврсто го потпираа небото над Велес. Дождот најавуваше нов импулс во престојната македонска пролет. Демократијата доби силен сојузник.Се роди Фокус. Фондација за локален развој и демократија.“
Два месеци подоцна, на 29 декември 2006 година, се конституираше првиот Управен одбор на „Фокус“.
“Како во изворните народни приказни во кои наречници го посетуваат новороденчето на третата ноќ за да му го одредат животниот пат така ние го поистоветивме нашиот Управен одбор со „наречници“ затоа што тој го одреди животниот пат, правец и развој на Фокус“ , запишаа директорите на Фондацијата, Веса Шкортова и Димче Велев.
Деветчлениот Управен одбор беше составен од претставници на четирите општини Велес, Градско, Чашка и Лозово. Во него членуваа новинари и граѓански активисти.
Фокус ја промовираше мисијата насочена кон унапредување на демократијата, локалниотразвој и граѓанското општество која разива и поддржува иницијативи кои се темелат на добро владеење и одговорно граѓанство.
Граѓаните препознаа визионерство во основните цели на Фондацијата за развој, промоција и поддршка на практики за добро управување, зголемување на учеството на граѓаните во процесите на одлучување и развој на заедницата.Промоција на филантропија, институционално и програмско јакнење на граѓанската организацијата.
Една деценија Фондација „Фокус“ ги мотивираше граѓаните на општините Велес, Градско, Лозово и Чашка да учествуваат во подобрување на локалниот развој, активно да партиципираат во креирање на локалните општински програми и буџети, да стават свој печат на времето во кое живеат. Цели десет години „Фокус“ промовиравше демократијата и ги поттикнуваше граѓаните да даваат свои предлози, но и да нудат решенија за нивната заедница,да биде подобро место за живеење.
Десет години преполни сали во време кога локалните самоуправи ги донесуваа програмите и годишните буџети. Претседателите на месни и урбани заедници седнуваа на иста маса со претставниците на локалните самоуправи за да проверат до каде е реализацијата на нивните предлози. Тие беа информирани кога се зборуваше за нив на седниците на Совет.
Новото време носеше и нови предизвици. Па така „Фокус“ ја осмисли и интерактивната веб алатка www.prioriteti.focus.org.mkпреку која се она што досега граѓаните го предлагаа во точен временски интервал, во форма на збор, слика или видео, сега може да се поднесе секојдневно, во електронска форма.
Десет години „Фокус“ промовираше филантропски вредности кај граѓаните во локалната заедница и ја поттикнуваше бизнис заедницата на општествена одговорност. Реализираше настани за донирање и прибирање средства во Фонд за поддршка. Од собраните пари„Фокус“ запиша четири солидни матуранти кои потекнуваат од социјално немоќни семејства, од Велес и Градско, на државните универзитети .
Преку хуманитарни акции спроведени заедно со волонтери и со донатори беше реновирано детското одделение во Општата болница во Велес, беше обезбеден бесплатен училишен оброк за цела учебна година за деца од сиромашни семејства, како и облека, училишен прибор, лектири, енциклопедии и друго.
Неколку години по ред, „Фокус“ и „Дедо Мраз на мотор“ во соработка со мотоциклистите од градот, поделија повеќе од 400 новогодишни пакетчиња. Радост во пресрет на Новата година се внесе и во домовите на деца згрижени во дом семејства благодарение на бизнис заедницата од градот. Се донираше храна во Народните кујни во Велес и Чашка. „Фокус“ даде свој придонес во отворањето на првиот дневен центар „Детелинка“ за лица со посебни потреби во рурална средина, во општина Чашка .
Некогаш средношколци, дебатери и волонтери денеска лекари, економисти, правници и нутриционисти. Повеќе од триста млади беа дел од програмите „Медиа арт„, „Дебатен“ и „Учиме право“ на Младинскиот клуб на „Фокус“.
Тие десеттина години развиваавештини за аргументирана дебата на актуелни младински проблеми и учеа критичко размислување. Креаираа иницијативи и нудеа решенија за младинските проблеми со кои се соочуваа во локалната заедница.
Преку програмата„Учиме право“ја надоградуваа економската и политичката писменост за правниот систем и владеењето на правотово државата како и заевропските интеграции.
Младите креативци пред три години ја отворија младинската веб страна www.mladive.mk , на која се информираат за настани и ги искажуваат личните ставови.
„Фокус“ ја подготви првата локална младинска стратегија на општина Велес ( за периодот 2012 - 2016 година) и го иницираше формирањето на локалниот младински совет.
Последниве години Фондацијата активно работеше во Вардарски плански регион на економско зајакнување на жените преку развивање на личните креативни вештини и на развивање на претприемачки способности за промоција на креативни производи, пласман на пазарот и продажба.
Освен во овој, во уште три плански региони(североисточен, пелагониски и југозападен) „Фокус“ го олеснуваше пристапот на микропретпријатијата до пазарот за јавни набавки, придонесувајќи за нивен одржлив развој и подобро искористување на нивните потенцијали за создавање на работни места, раст и иновации.
Иако Фокус две години е надвор од „Домот на НВО“, за чие отворање даде личен придонес,сепак успеа да одржи континуитет во својата работа и понатаму реализирајќи ја својата мисија да биде силна поддршка на граѓаните во процесите на одлучување на локално ниво, да ги мотивира фирмите да бидат општествено одговорни, а граѓаните хумани. Младите да бидат движечка сила во заедницата, жените да размислуваат претприемачки, а микропретпријатијата да создаваат работни места.
Десетгодишниот јубилеј „Фокус“ го одбележува како институционален грантист на Програмата Civica Mobilitas. Грантот стигна во вистинско време за да ги зајакне капацитетите на организацијата и повторно да ја врати на стариот добро препознатлив пат. Донаторите имаат свои критериуми, а „Фокус“ и понатаму ќе вложува во себе за да ги исполнува.
Исто така со несебично залагање на волонтери, соработници и пријатели како и со континуирана поддршка на донатори „Фокус“ во изминатата деценија ги постигна најзначајните резултати:
- Изградена фонтана и реконструиран Младински парк на иницијатива на „Фокус“ и општина Велес со поддршка на бизнис заедницата и донатори;
- Финансиски поддржани седум иницијативи за локален развој во четири општини (Велес,Градско, Лозово и Чашка)преку УСАИД и ИТЗ
- Партнер во Зелената коалиција преку која се запре директното тридецениско загадување од Топилницата
- Партнерски отворен прв рурален дневен центар за лица со посебни потреби „Детелинка“ во општина Чашка
- Неколку илјади граѓани во изминативе години поднеcoa предлози до локалните власти во Велес, Градско, Лозово и Чашка за подобрување на животот во нивната локална заедница (извештај од 2009 година реализирани 30% од предлозите на граѓаните)
- Изграден пристапен пат, потпорен ѕид и обезбедена спортска и урбана опрема за ООУ „Лирија“ во село Горно Јаболчиште, општина Чашка во соработка со Амбасада на Република Германија во Македонија, општина Чашка и локално население
- Инициjатива за формирање на локален младински совет во Велес од дваесетина организации
- Креирана локална младинска стратегија во општина Велес (2012-2016)
- Обучени 300 микропретпријатија од вардарски, североисточен, југозападен и пелагониски плански регион за нивен поефикасен настап во јавните набавки преку регионалниот центар за поддршка на микропретпријатија до јавни набавки
- Отворен Регионален креативен центар за обука на 50 жени од вардарски плански регион за изработка на креативни производи за економско зајакнување
- Запишани четворица солидни матуранти од социјално немоќни семејства на државен Универзитет