Состав на Комисијата:
1. м-р Јонче Димков - март 2017 -
2. дипл. екк. Гордана Јовева - март 2017 -
3. дипл. екк. Билјана Саздова - март 2017 -
Поранешни членови на Надзорниот одбор:
1. дипл.прав. Славјанка Андреевска - претседател - декември 2006 - април 2011
2. дипл.ек. Зоран Јанкуловски - декември 2006 - април 2011
3. дипл.ек. Драган Дамјановски - декември 2006 - април 2011
Комисијата за надзор и контрола е постојан орган избран од Одборот.
Комисијата за надзор и контрола ја сочинуваат 3 члена. Еден член на Комисијата за надзор и контрола може да се избире од редот на основачите и независни членови. Член на Комисијата за надзор и контрола е неспоиво со друга функција, должност или вработен во фондацијата.
Членовите треба да имаат основно познавање од областа за работата на здруженија и фондации, финансиското работење и ревизија, како и познавање за ризици на кои е изложена фондацијата.
Членовите на Комисијата за надзор и контрола од своите редови избира претседател.
Комисијата за надзор и контрола врши надзор над работата на органите на Фондацијата во смисла на:
• донесува деловник за работа;
• спроведување на статутот и програмата за работа;
• го контролира начинот на работењето на органите на управување и раководење;
• поднесува извештај на основачите и Одборот најмалку еднаш годишно за финансиското и сметководствено работење;
• ја прегледува годишната завршна смета и други акти на организацијата и
• врши други работи утврдени со закон и статутот.
Одборот може да ја отповика комисијата пред истекување на мандатот, во целост или одделни негови членови, поради неактивност или неправилности во работата.
Комисијата за надзор и контрола е должна да изврши преглед на работата и на материјално - финансиското работење најмалку еднаш годишно.
Комисијата за надзор и контрола е должен за своите констатации во материјално - финансиското работење на Фондацијата да ги извести основачите на фондацијата како и да предлага мерки што треба да се превземат.