Фондацијата ја основаат 4 (четири) основачи, кои во целост ги исполнуваат условите за основачи на Фондација, утврдени во Законот.
Фондацијата се основа со проценет основачки непаричен влог во износ од 642.100,00 денари односно 10.441.00 ЕУР.
Воедно, основачите имаат потпишано своерачно, пристапни изјави.
Основачи на Фондацијата се:
ВЕСА ШКОРТОВА од Велес
ДИМЧЕ ВЕЛЕВ од Велес
УБАВКА ЈАНЕВСКА од Велес
м-р МАКСИМ АЦЕВСКИ од Велес
Основачите на фондацијата ги задржуваат своите права и одговорности.
Со Статутот, општите и посебните акти, се утврдуваатат посебни права и одговорности за основачите.
Основачите на Фондацијата ги има следните посебни права и одговорности:
- го донесуваат Статут на Фондацијата и негови измени и дополнувања;
- ги одредуваат фундаменталните правци за работа на Фондацијата;
- одлучуваат за статусни промени на фондацијата;
- ги усвојува годишните, наративните, финансиски и други извештаи;
- по предлог на Одборот избира и разрешува членови на Одборот на фондацијата;
- изменува и разрешува директори;
- одлучуваат за потписниците на трансакционите сметки на фондацијата;
- одлучуваат за престанок на фондацијата;
- да бидат членови на органи за општо управување, надзор и раководење со фондацијата;
- да бидат вработени во фондацијата.