Во рамки на проектот „Мрежа за транспарентност, отчетност и интегритет во јавните набавки“ на 11 и 12 септември 2018 година во Скопје ќе се одржи првата обука за регрантистите во проектот.
Од 21 до 23 септември 2018 година во Охрид ќе се одржи втората од вкупно предвидените пет обуки наменета за невладини организации од Источен плански регион на тема „Следење на трошењето на јавните пари преку тендерите“.
Цели на обуката се да се зголеми знаењето на невладините организации за потребата од следење на трошењето на јавните пари преку тендерите на локалните институции, да се унапредат вештините на невладините организации за поефикасно следење на трошењето на јавните пари, да се влијае врз зголемувањето на улогата на невладините организации во борбата против корупцијата во трошењето на јавните пари и дасе зголемат капацитетите на невладините организации за да влијаат врз институциите за поголема одговорност и отчетност во трошењето на јавните пари.
Проектот „Мрежа за транспарентност, отчетност и интегритет во јавните набавки“ го спроведуваат Центарот за граѓански комуникации од Скопје во партнерство со Фондација за локален развој и демократија Фокус. Проектот е финансиран од Европската Унија.