Публикации

policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

Page 0

Фондацијата за локален развој и демократија ФОКУС Велес, имплементирајќи го проектот Транспарентна и отчетна постапка за градежна дозвола, чија генерална цел е зголемување на влијанието над општината за отчетно и транспарентно издавање на градежни дозволи и овозможување на квалитетна и ефикасна услуга што ќе гарантира нулта толеранција од корупција објавува:

Јавен повик за ангажирање на експерт/ка за експерт од областа на урбанизмот

 

 

Со солидни познавања и искуство во:

  • Урбанизам,
  • Работата на локалната самоуправа во процесот на издавање на градежна дозвола,
  • Организациски менаџмент на градежни фирми и проектански бироа
  • Познавање на законска регулатива за урбанизам и градежништво

Конкретно, експертот/ката треба да поседуваат компетенции од областите:

  • издавање на градежни дозволи,
  • подготовка и поднесување на документација за издавање на градежна дозвола и
  • проектен менаџмент во градежништво и урбанизам.

Ангажираниот експерт/ка ќе биде ангажиран/а за период септември 2018 – јануари 2019 година, со ефективни 15 работни дена, со работни обврски:

  • да подготви инстумент за мониторинг на општината, за издавање на градежни дозволи, да ја насочува работата на фокус групата, да изврши интервјуа и анкета на засегнатите страни и да подготви анализа од истражувањето;
  • да искреира матрица за модел на интегриран мониторинг на општината за издавање на градежна дозвола, во кој ќе бидат опфатени сите вклучени страни;
  • со новинар да подготват јавен документ за состојбата на транспаретност и отчетност на општината за издавање на градежни дозволи и урбанизацијата во локалната заедница и
  • со проектниот тим да изработат финален извештај од истражувањето со креирани конкретни можни решенија за надминување на проблемите и потребите на граѓаните.

Кандидатите кои се заинтересирани за ангажирање на проектот, потребно е да доставт: понуда, копија од завршено ВСС (Градежен или Архитектонски ), CV и предлог концепт - модел на интегриран мониторинг на општината за издавање на градежна дозвола.

Пријавувањето се врши по електронски пат на е – маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. до 17.09.2018 год. (понеделник) до 16.00 часот.

 

Овој јавен повик е подготвена со финансиска поддршка од Европската Унија, во рамките на проектот „Граѓанските организации и медиуми против корупцијата - Коалиција за нулта толеранција". Содржината на јавниот повике единствена одговорност на  авторите и на Фондација Фокус и таа не мора да ги одразува гледиштата на Европската Унија.

Првата од петте планирани обуки за претставници на граѓанските организации од пелагонискиот и од вардарскиот регион се одржа, од 6 до 8 јули 2018 година во Охрид. Целта на обуката беше што поголем број граѓански организации да се приклучат во следењето на транспарентноста, отчетноста и интегритетот на институциите во јавните набавки.

Фондација за локален развој и демократија „Фокус“ – Велес, во наредните шест месеци, ќе го спроведува проектот „Транспарентна и отчетна постапка за градежна дозвола“ финансиран со 6.000 евра од Европската Унија преку програмата за поддршка на граѓанскиот сектор и слободата на медиумите 2016 – 2017 година. Тој ќе се спроведува како дел од проектот „Граѓанските организации и медиумите против корупцијата – Коалиција за нулта толеранција“ на Транспарентност Македонија и НВО Инфоцентар.