Втората обука за грантисти во рамки на проектот „Мрежа за транспарентност, отчетност и интегритет во јавните набавки“ изминатиот викенд се одржа во Скопје со цел втемелување на знаењата поврзани со јавните набавки на организациите кои работат на истражување за јавни набавки во соодветниот плански регион.
Резултатите од истражувањата подготвени од организациите наскоро ќе бидат готови, а се однесуваат на начинот на кој секоја општина поединечно ги спроведува јавните набавки.
Проектот го спроведува Центарот за граѓански комуникации во соработка со Фондација Фокус. Финансиран е од Европската Унија.