bejkovaijas2

Вреднувањето на професионалната комуникација меѓу вработените, било да е усмена или писмена, е од суштинска важност за успешна работа на граѓанските организации. Комуникацијата треба да биде транспарентна, чесна, да овозможува брзо реагирање и да биде ориентирана кон респектирање на тимот и тимската работа.

Затоа е потребно професионалната комуникација да не е груба, емотивна, супериорна, сомнителна, прекумерно сензитивна, нејасна или свесно неодговорна. Во професионалната комуникација, вработените не треба да се раководат од себични интереси, туку од интересите на фондацијата. Секој од тимот, вклучително и Извршниот директор, мора навремено да ги информира колегите за клучни аспекти од работењето на граѓанската организација, да има право да даде забелешка на сработеното и при тоа да е должен да го негува тимскиот дух на работа и да се раководи од интересите на граѓанската организација. Овие препораки произлегоа од работната средба на извршната директорка на Фондација Фокус со Блјана Бејкова од НВО Инфо центар.

Bejkovaijas3

На средбата беа разгледани, споредувани и анализирани процедурите и прописите според кои работи и секојдневно ги применува Фондација за локален развој и демократија „Фокус“ и на НВО Инфоцентар.

Средбата се одржа на 3 април 2019 година како дел од проектот „Фокус во Фокусот“ со цел да се зајакнат капацитетите на фондацијата во сите области на работа меѓу кои и внатрешната и надворешната комуникација.

Проектот е поддржан во рамки на Програмата „Одржливо граѓанско општество државно финансирање на граѓански организации“ што ја спроведуваат Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Блканаската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) и Центарот за информирање, соработка и развој на граѓанските оргазнизации од Словенија (ЦНВОС). Програмата за структура и поддршка на граѓанското општество и медиуми 2016 – 2017 преку ИПА фондовите.