Охрид, 21-23.09.2018

maksimВтората од петте планирани обуки за претставници на граѓанските организации од Источниот Регион се одржа изминатиот викенд во Охрид. Целта на обуката беше поголема вклученост на граѓанските организации во следењето на транспарентноста, отчетноста и интегритетот на институциите во јавните набавки.

На обуката се говореше и за начините на кои што граѓанските организации можат да ги следат јавните трошења, механизмите и инструментите што им стојат на располагање, како и аспектите што треба да ги имаат предвид при набљудувањето на трошењето на јавните пари. Покрај овие беа присутни и темите за тоа  како се спроведуваат набавките, кои податоци се јавно достапни и каде можат да се најдат, контрола, надзор и ревизија на набавките, како и која е улогата на граѓанските организации во борбата против корупцијата во јавните набавки

Третата од серијата обука наменети за невладините организации која ќе се одржи на почетокот на октомври, ќе биде наменета за претставници на граѓанските организации од Североисточниот и Југоисточниот Регион.

Проектот Мрежа за транспарентност, отчетност и интегритет во јавните набавки е финансиран од Европската Унија.